Градоначалникот зборуваше на бизнис форум во Сараево

02.07.2010 14:11 | KumanovoNews

 Градоначалникот во своето излагање го истакнал неговото видувањe  за менаџирање на локалната самоуправа во надминување на економската криза и карактеристиките на децентрализацијата во Македонија.

Градоначалникот зборуваше на бизнис форум во Сараево

, Градоначалникот Зоран Дамјановски учествуваше на традиционалниот бизнис форум на тема "Светската економска криза - каде се решенијата" во Сараево, каде присуствуваше на доделување на наградата најуспешен менаџер и политичар.

Градоначалникот во своето излагање го искажа неговото видувањe за менаџирањето на локалната самоуправа во надминување на економската криза, која се чувствува и во локалните заедници. При тоа ги објасни спецификите на децентарлизацијата во Македонија и можностите кои што ги имаат раководните структури на локално ниво во надминување на глобалната економска криза. На форумот активно учество зедоа повеќе еминентни политичари и бизнисмени од висок европски ранг меѓу кои, Филип Цептер, Бранислав Груиќ, градоначалниците на Дубровник, Подгорица и други-изјави за Kumanovonews од Сараево, портпаролот Дарко Станојковски.

Дирекцијата за избор на најменаџер за југоисточна и средна Европа во Зеница на манифестацијата ги додели и престижните признанија и во останатите категории. Градоначалникот на Куманово ја доби наградата за најуспешен градоначалникот во југоисточна и централна Европа во конкуренција на 2300 кандидати.

Покровител и домаќин на свеченоста беше членот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk