Градот го оштети родот во повеќе села

21.09.2015 09:50 | KumanovoNews

Градот кој паѓаше вчера го оштети родот во повеќе села.

Градот го оштети родот во повеќе села

Најмногу штета имаат мештаните од селата Облавце, Стрезовце, Канарево, Макреш, Младо Нагоричане и Војник, каде се уништени лозја, домати, пиперки и други култури по нивите.

Луѓето од овие села кажаа дека невремето било страшно, паѓале дури и ќерамиди од куќите  и направена е  голема штета. Оние кои се осигурани ќе добјат оштета, но голем дел не ги осигуруваат насадите. И во други села паѓал град во Табановце, Умин Дол, м Љубодраг, но таму бил поситен и помешан со дожд и затоа  нема направено големи штети - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Претставници од општина Старо Нагоричане излегоа на терен за да видат колкави штети има  и на итна седница на Совет, советниците ќе одлучат дали ќе биде прогласена елементарна непогода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk