Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Врнежите од град, кои во неделата попладне ја зафатија општината Старо Нагоричане, целосно ги уништи пченката, житариците, бостанот, лозјето и зеленчукот во нивите.
Најголеми штети има во селата по течението на реката Пчиња, како што се Старо Нагоричане, Драгоманце, Војник, Степанце, Стрновац, Добрача, Младо Нагоричане и други. Невремето зад себе остави уништени пластеници, скршени дрвја, паднати бандери, откриени куќи, скршени керамиди, а оштетен е и далекуводот поради што неколку села се без струја.
- Советот на општина Старо Нагоричане ќе одржи седница на која ќе се прогласи елементарна непогода. Потоа ќе се формира комисија каде месното население ќе може да ги пријавува штетите настанати од невремето. Информацијата ќе биде испратена до Влада и ќе се чека одобрување на средства за обештетување - изјави градоначалникот Милован Стојковски.
Во расчистување на паднатите дрвја по патиштата учествуваше Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk