Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оркестарот на градска музика „Илинден“, по повод 110 години од формирање, вечерва ќе одржи Свечена академија.
На академијата ќе се обрати градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на друштвото Ѓорѓи Спасовски.
„Ве повикувам, драги сограѓани, вечерва да дојдете во поранешното кино Напредок и со вашето присуство да ја збогатите нашата прослава на големиот јубилеј. Подготвуваме пригодна свеченост со културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Нино Величковски, КУД „Ѓоко Симоновски“ и нашиот оркестар“, - изјави Спасовски.
Академијата ќе се одржи во свечената сала на Занаетчискиот дом, во 19 часот, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk