Градската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата

23.04.2019 07:18 | KumanovoNews

 Градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата и авторското право -  23 април. По тој повод на сите читатели кои ќе ја посета библиотеката ќе им подарат книга и цвет.

Градската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата

„Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ - Куманово ќе го одбележи 23 април, според стариот Каталонски обичај од каде потекнува идејата и традицијата за одбележување на овој ден. Сите членови што ќе ја посетат библиотеката ќе добијат книга и цвет, - соопштуваат од Библиотеката.

23 aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската порака ја напиша Милчо Манчевски.

Одбележувањето на 23 април е иницирано од УНЕСКО и на тој ден во целиот свет се поттикнуваат читањето, издавачката индустрија и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторското право.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk