Градски детски хор одржа новогодишен и божиќен концерт

11.01.2016 10:21 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сaботата Градски детски хор одржа новогодишен и божиќен концерт за граѓаните на Куманово.

Градски детски хор одржа новогодишен и божиќен концерт

Присутните имаа можност да уживаат во десетина композиции меѓу кои беа „Се посврши сербес Донка„, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кој да ми запее“ и други странски хитови.

„Со хорот работиме јас и Марко Митковски. Хорот постои веќе 3 години. Концерот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, а во соработка со Центарот за култура “- рече Милена Строимановска, диригент.

Хорот е активен и настапува на низа манифестации кои се одржуваат во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk