Градските гробишта никогаш во полоша состојба, а претпријатието ја зголеми цената за одржување, велат од Левица

10.02.2025 10:49 | KumanovoNews

Додека новата парцела на градските гробишта личи на се` само не на градски гробишта, и со сомнителна сеча на дрвја се уриваат и вандализираат гробни споменици, ЈП „Чистота и зеленило“ се дрзнува гробарината да ја зголеми за 100%,  од 506 денари на 1014 денари, велат од партијата Левица, огранок Куманово.

Градските гробишта никогаш во полоша состојба, а претпријатието ја зголеми цената за одржување, велат од Левица

Граѓаните се жалат дека јавното претпријатие не ги одржува гробните места и гробиштата, па јавно го прашуваат директорот зошто е поскапено одржувањето на гробно место?

„Неспособноста на ЈП „Чистота и зеленило“ ја плаќаат граѓаните преку повисоки такси. Зголемувањето на даноците и таксите е одлика на неспособност и расипничко работење. Незадоволството на жителите на Куманово од ден на ден се повеќе расте и истото ќе кулминира со нова народна власт на наредните локални избори“, велат од Левица.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk