Граѓаните да бидат претпазливи да не предизвикаат пожар при престој во природа, апелира МВР

29.07.2023 09:00 | Оливера Пешевска

Во пресрет на престојниот празник „Илинден,“ кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, Кумановската полиција апелира до посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

Граѓаните да бидат претпазливи да не предизвикаат пожар при престој во природа, апелира МВР

„Потсетуваме дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици“, велат од СВР Куманово.

Оттаму ги повикуваат возачите максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се придржуваат до правилата за ограничување на брзината, да се прилагодува брзината согласно условите на патот и да не се управува моторно возило под дејство на алкохол.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk