Граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок, вели Владата

02.03.2022 21:37 | Сузана Николиќ

Граѓаните да бидат смирени, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, бидејќи државните институции ја следат состојбата на дневна состојба во земјата и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните, велат од Владата.

Граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок, вели Владата Фото: pxhere.com

„Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Како држава имаме задоволителна количина на прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Владата, во континуитет ги разгледува и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, беше речено на прес-конференцијата.


 Денешната прес-конференција, портпаролите ја искористија да го повторат апелот до трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, оценувајќи дека оваа одлука е во интерес на сите граѓани.
 
Деновиве во голем дел од маркетите одредени производи, како масло, брашно, шеќер, беа тргнати за да се вратат со нови, повисоки цени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk