Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на Првомајските празници граѓаните да внимаваат што објавуваат на социјалните мрежи и да не са фалат каде ќе патуваат на празничниот викенд, да не им дадат повод на крадците да ги посетат додека не се дома.
Од СВР Куманово апелираат граѓаните да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на личниот имот, како на пример пари и вредни предмети додека отсуствуваат од дома.
„Да не се оставаат информации на социјалните мрежи пред одење дека сте надвор од дома во моментот, каде сте и што правите. При излегување да се проверат сите врати, особено во ниските делови, и да не се оставаат прозорците и вратите од терасите отворени. Исто така, да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата и да се внимава на парите и платежните картички при работа со нив, како и носење голема количина на пари на јавни места како и заштита на џебови и чанти“, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Таа ги повика граѓаните доколку забележат нешто сомнително веднаш да пријават во полиција на телефонскиот број 192 или 112.
Полицијата апелираше до учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи, да не управуваат под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk