Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Тие ги потсетува граѓаните и за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.
„Апелираме до граѓаните да се воздржат од користење на пиротехнички средства пред и за време на новогодишната ноќ. Така ги доведуваат својот живот и здравјето во опасност, но и животот и здравјето на другите. Доколку некој им понуди пиротехнички средства граѓаните можат да се обратат или да пријават на 192“, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.
Воедно таа потсети дека важи законската одредба за лицата кои што неовластено изработуваат, држат, продаваат, набавуваат или вршат размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи следува казна затвор од три до десет години. Доколку се работи за поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот се казнува со најмалку пет години затвор.
Денеска претставниците од Секторот за превенција при СВР Куманово поделија флаери на граѓаните на Градскиот плоштад.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk