Граѓаните имаат уште 4 дена да ги пријават штетите од пожарите во кумановско

02.09.2021 17:43 | Сузана Николиќ

Во наредните 4 дена сопствениците на опожрените куќи и имоти можат да ги пријават претрпените штети во Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Куманово.

Граѓаните имаат уште 4 дена да ги пријават штетите од пожарите во кумановско

„Се известуваат сите жители на Општина Куманово дека рокот за пријавување на материјални штети предизвикани од пожарот, кој ја зафати територијата на Општината, поточно местата: Четирце, Сопот, Табановце, Зубовце, Клечовце, Мургаш, Довезенце, Новосељане, и Бељаковце, во период од 02.08.2021 година до 11.08.2021 година, ќе трае заклучно со 06.09.2021 и истите можат да ја пријават штетата на своите култура и добра до Комисија за проценка на штетиод елементарни непогоди на Општина Куманово“, соопштуваат од Општината.

Тие ги известуваат граѓаните кои поднеле некомплетни барања дека ќе бидат контактирани од страна на членови од Комисија за проценка на штети на Општина Куманово и е потребно во најбрз можен рок да ги достават документите.

Кон барањето потребно е да се достави:

– Копија од лична карта со изјава за користење на лични податоци потпишана од барателот

– Копија од трансакциска сметка

– Копија од имотен лист, копија од договор за закуп или друг доказ за основ на користење на земјиштето опфатено со пожар.

За сите подетални информации лицата можат да се обратат во просториите на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk