Граѓаните можат да пријават нерегуларности во здравствените установи

17.07.2025 08:36 | KumanovoNews

Граѓаните можат да пријават нерегуларности во здравствените установи на официјалната страница на Министерството за здравство.

Граѓаните можат да пријават нерегуларности во здравствените установи

Досега стигнале деведесет пријави за нерегуларности во здравствените установи во земјата. Од нив 60 се процесирани, а само две се информации кои имаат индиции, за кои ќе се разговара со институциите. Пријавите стигнуваат преку алатката за пријавување на неправилности.

„Од 90-те пријавени, најголем дел се од Скопје, има и по 1-2 од другите градови. Има поплаки и за здравствениот и за приватниот сектор. Тоа не се индикации за финансиска злоупотреба, туку за недоволно оптимизирање на услугите, односно за долго чекање. Злоупотреба на тој ред кој граѓаните сакаат да го имаат. Дошле на време за да добијат некоја услуга, а ја добиле после неколку часа. Сакам да потенцирам дека пријавите не остануваат во фиока. Секоја се разгледува посебно, со цел да има институционална реакција. Заврши времето кога се игнорираа здравствените проблеми“, рече министерот за здравство Азир Алиу.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk