Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово вчера го објави повикот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во 2023 година, за граѓаните од социјален ризик.
Право на надомест за трошоците за комунални услуги имаат самохраните родители, стечајни работници без право на материјално обезбедување, деца без родители кои до 18 години биле со статус на деца без родители и без родителска грижа, згрижувачки семејства, лица кои се приматели на надоместок поради попреченост, приматели на средства за социјална сигурност на стари лица, приматели на право за посебен надоместок за деца.
Со програмата планирано е да се опфатат 450 корисници, кои ќе добијат помош до 300 денари за сметките за ѓубре и за вода до 900 денари. Вкупниот износ на субвенциите е во висина од 6.480.000 денари.
Повикот за поднесување на барање за субвенционирање на сметките за комунални услуги на Општина Куманово ќе трае до 10 февруари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk