Граѓаните се дружеа со ЕБР на изложба на нивната опрема во Градскиот парк во Куманово (видео)

23.08.2023 14:16 | Оливера Пешевска

 Во Градскиот парк во Куманово се одржа изложба и презентација на средства и опрема со која располага Единицата за брзо распоредување (ЕБР), специјална единица на Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните се дружеа со  ЕБР на изложба на нивната опрема во  Градскиот парк во Куманово (видео)

Беа презентирани лесни оклопни возила, санитетни возила,  чамци,зип-линијата,единицата за службени кучиња, лична опрема на секој еден припадник на ЕБР,  како и вештините кои ги поседуваат и за кои се тренирани за успешно завршување на работните задачи и обврски. Можеа да се видат сите активности на специјалните единици, да се запознаат со вештините на припадниците,но најмногу со посветеноста на секој еден припадник на ЕБР. Најголема љубопитност покажуваа најмалите кои присуствуваа организирано со своите учителки од градинките или во придружба на возрасни членови на семејствата.

Смотра изврши и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,како и раководството на разни организациски единици на министерството, претставници на СВР Куманово, но и многубројни граѓани.

 „На почетокот сакам на сите припадници на ЕБР да им го честитам нивниот ден  и 22 години постоење, јакнење и напредување во интерес на државата и граѓаните. На сите ним им посакувам многу здравје, лична и семејна среќа, многу успеси и секако да продолжат и понатаму да бидат чувари, столбови на безбедноста,  мироти стабилноста и заеднички да придонесуваме не само за државната, туку и за глобалната безбедност“,  изјави министерот Оливер Спасовски пред присутните.

Единицата за брзо распоредување е една од најелитните во составот на МВР, формирана 2001 година , која секогаш е на браникот на безбедноста на државата и  во заштита на интересите на граѓаните.Во описот на нивни работни обврски и задачи спаѓаат: воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации, спроведување на лица барани со локални и меѓународни потерници, анти-терористички акции и сите останати потфати од висок ризик, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, давање асистенции на сите институции во Република Македонија, како и пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи.

Свеченостите за Денот на едницата ова година се во Куманово,затоа што ова прослава ј посветуваат на 8-мина полициски службеници кои ги дадоа своите животи во настаните во мај 2015, кога беше извршен терористичкиот акт во Диво Насеље.

Централната свеченост е закажана за вечерва со почеток во 19 часот,на паркингот пред Градскиот базен во Куманово.

 

   

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk