Гранати најдени кај Железничката станица

08.10.2015 08:26 | KumanovoNews

Повеќе неексплодирани гранати вчера се најдени кај Железничката станица во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Гранати најдени кај Железничката станица

Се работи за 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони  20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури.

Од СВР Куманово во 14.45  часот бевме известени за неексплодирани  бојни срества во близина на Железничка станица Куманово. РЦУК Куманово ја  известени  ДЗС Куманово кои се упатиле на лице место и ги извадиле од  земјата бојните стрества - стои во соопштението од РЦУК.

Теренот е исчистен и нема опасност, а бојните срества  се однесени на безбедно место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk