Гранд при за КУД „Панче Пешев“ во Митровица

27.06.2018 10:36 | KumanovoNews

КУД “Панче Пешев” од Куманово, се закити со Гранд при за освоено прво место за најдобро културно уметничко друштво и диплома за најдобар оркестар, на Меѓународниот собир на културно творештво, кој викендов се одржа во Косовска Митровица.

Гранд при за КУД „Панче Пешев“ во Митровица

На друштвото му беше доделено и фестивалското знаме во трајна сопственост.

„На собирот настапија културно-уметнички друштва од Требиње,  Подгорица, Белград, Ужице, Софија, Звечан, Бање и Косовска Митровица. КУД „Панче Пешев“, по втор пат е севкупен победник на фестивалот. Наградата сведочи дека друштвото на достоен начин го негува и презентира македонскиот фолклор и традиција, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.

Викендот што следи КУД „Панче Пешев“ организира Меѓународна ревија на фолклорни ансамбли, со поддршка на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.

Друштвото оваа година ќе земе учество на уште неколку меѓународни фестивали меѓу кои издвојуваме: Меѓународниот фолклорен фестивал во Аленсон (Франција) и Меѓународниот фестивал “Илинденски денови” во Битола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk