Граничниот премин уште не се чисти

12.11.2010 09:58 | KumanovoNews

 Вработените и деца за 100 денари го чистеле граничниот премин Табановце, по пишувањето дека најфрекфентниот државен премин се гуши во смет и нечистотија.

Граничниот премин уште не се чисти

 Со цела да се подобри хигиената,надлежните наложиле двете хигиеничарки што работата во зградата на полицијата и царината да ги изметат коловозните траки, а вработените да го собираат расфрленото ѓубре околу кантите и тревните површини. Бидејќи повеќето од нив се спротивставиле да бидат чистачи,  биле повикани неколку Ромчиња што продаваат дрембули на терминалот за по 100 денари да го собираат ѓубрето.

Срамота е да не тераат да го собираме ѓубрето на патниците. Ќе ги пречекуваме со метли до конејнер, а потоа ќе ги контролираме. Нека си најде начин државата да си го реши проблемот или нека вработат едно лице кое ќе се грижи за хигиената на преминот, а не да се правдаат дека нема пари- велат револтирано вработените.

 На граничниот премин контејнерите се повторно полни, со расфрлано ѓубре околу нив. Единственото јавно веце кое беше многу валкано и претставуваше извор на зараза сега е со катанец на вратата. Од него се шири неподнослива реа и истекува некаква жолта течност. Додека бевме на преминот еден патник во зорт наместо внатре, нуждата ја изврши зад објектот пред очите на останатите патници и вработените. Граничниот премин Табановце не се чисти од почетокот на септември кога завршил договорот на фирмата што била задолжена за негово одржување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk