Грантови од 50 до 300 илјади евра за мали и средни претпријатија во Североисточниот регион преку проект на ГИЗ

21.04.2022 18:23 | Сузана Николиќ

Тимот на проектот „ЕУ за економски раст“ денеска организираше информативна сесија за сопствениците на микро, мали и средни претпријатија во Североисточниот регион, кои имаа можност да се запознаат со условите и деталите за аплицирање за грантовите кои се нудат преку проектот. 

Грантови од 50 до 300 илјади евра за мали и средни претпријатија во Североисточниот регион преку проект на ГИЗ

„На располагање се 4.5 милиони евра кои ќе се искористат за подобрување на конкурентноста на компаниите, зголемување на продуктивноста, за проекти од областа на циркуларна и зелена економија, набавка на нови машини и опрема, подобрување на производни процеси и нивна ефикасност итн. Висината на неповратната финансиска помош изнесува помеѓу 50.000 и 300.000 евра по проект. Очекуваме да се финансираат вкупно 30 проекти“, изјави Филип Нелковски, регионален советник за Североисточниот регион.

Тој додава дека целта на денешниот состанок била да го приближат повикот до сите заинтересирани компании, но истовремено и да ја потенцираат соработката помеѓу компаниите и организациите кои нудат советодавна поддршка на бизнисите во Североисточниот регион. 

На средбата присуствуваа триесетина бизнисмени и претставници на невладини организации, кои покажаа сериозен интерес и најавија дека се подготвени да учествуваат на проектот. 

На повикот може да се пријават правни лица, мали и средни претпријатија имаат помалку од 250 вработени и/или чиј годишен обрт не надминува 50 милиони евра, кои се основани се најмалку 36 месеци пред истекот на рокот за аплицирање на повикот, да имаат канцеларии и вработени во Североисточниот регион, кои имаат доволно технички, финансиски и менаџерски капацитети да го имплементираат предлогот, директно се одговорни за подготовка и менаџирање на активноста и не се појавуваат во улога на посредници и да се вклучени во други активности на проектот „ЕУ за економски раст“.

Предлог проектите можат да траат најдолго 18 месеци,  а сумата за која се аплицира ќе покрие од 20 од 50 проценти од вкупниот буџет на проектот.   

Целосниот повик може да се најде на следниот линк: GIZ North Macedonia on LinkedIn: Call for Proposals. , а сите заинтересирани можат да побараат документација на мејловите [email protected] ili [email protected]

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk