Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи утре (сабота) во ресторанот Грација. Мото на манифестацијата е „Граше брате наше“, која ќе започне во 10 часот.
Свеченоста предвидува и културно забавна програма со настап на КУД „Ѓоко Симоновски“ на Здружението на пензионери Куманово, КУД „Срма“ од Куманово и повеќе вокални изведувачи. Ручекот и дегустацијата е во 13 часот, а забава ќе трае до 15.30 часот.
Организатори на манифестацијата се Здружението на пензионери „Куманово“,Здружение на дијабетичари „Куманово“, Здружението „Еко Гард“ и ресторанот „Грација“, а покровители се градоначалникот и Совет на Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk