Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инвеститор од Лариса, Грција, ќе гради фабрика за бетонски производи во индустриската зона Новаци и Речица, а Општина Куманово веќе има издадено дозвола за градба на новиот индустриски објект, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на 8-та седница на Советот на општината.
Тој посочи дека локалната самоуправа континуирано води разговори со странски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во Куманово, со цел развој на локалната економија.
„Разговараме за инвестиции особено во делот на енергетиката и изградбата на фотоволтаични системи. Има можности за потенцијална инвестиција од 300 мегавати инсталирана сила на фотоволтаични панели, што би било една од најголемите инвестиции во Европа . Бидејќи општината , според постоечката законска регулатива, може да издава дозволи само до еден мегават јачина, со оваа потенцијална инвестиција е запознаена и Владата и верувам дека ќе има некој конкретен резултат за стратешко партнерство и реализиција. Дополнително, инвестицијата на Дрекслер маер, која е во соработка со наши домашни субјекти и германската амбасада, лобиравме да дојде во Куманово, а во следните 2 години предвидени се 2.000 нови работни места во овој капацитет“, посочи Димитриевски.
Тој реагираше дека, иако индустриската зона Новаци и Речица е вцртана во секоја техничка документација, сепак со потпис од некој мнистер од Владата е дадена можност истото земјиште да се користи и како земјоделско земјиште .
„ Испративме неколку писма до Министерство за земјоделие за овој проблем и немаме ниту еден одговор. Еве го Љупчо, мојот поранешен другар, нека се јави да даде одговор и да напише решение да се поништи тој договор за да можеме да носиме нови инвестиции, бидејќи тој што го потпишал договорот и го издал земјиштето на користење на друго правно и физичко лице направил чисто кривично дело со кое мора да се занимава обвинителството“, рече Димитриевски пред советниците.
Во рамките на Секторот за локален економски развој,изјави Димитриевски, општината и понатаму ќе вложува напори за да обезбеди економскиот раст и подобар стандад на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk