Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Грчки државјанин минатата недела е спречен да прошверцува 40.000 евра на граничниот премин Табановце.
Парите се најдени кај грчки државјанин, кој управувајќи автомобил со грчки регистарски таблички, се пријавил за излез од државата. На прашање на царинските службеници, возачот одговорил дека нема што да пријави за царинска контрола, но при извршениот личен претрес, во џебовите од неговите панталони пронајдени се 40.000 евра, за што не поседувал потврда за внесени ефективни странски пари издадена од царински орган на Република Македонија.
Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk