Грк сакал да прошверцува 30.000 евра

15.12.2015 11:20 | KumanovoNews

Минатата недела 30.000 евра се најдени при личен претрес на грчки државјанин, кој како патник во грчки автомобил, управуван од грчки државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Грк сакал да прошверцува 30.000 евра

Во предниот џеб од фармерките на патникот се пронајдени 40.000 евра за кои не поседувал потврда за внесени девизни средства, издадена од царинските органи на Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk