Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ГРОМ денеска ја повикаа локалната власт да ги исплати парите на членовите на избирачките одбори кои биле ангажирани на локалните избори и да извршат приклучок на канализациона мрежа без надомест на семејствата кои со години плаќаат за пречистување на отпадни води, а немаат канализација.
„Ве повикуваме како општинска власт во нередните неколку дена до изборите барем нешто да направите што им должите на граѓаните на Куманово. Ви препорачуваме без многу филозофирање и правдање да ги исплатите членовите на избирачките одбори. Нашите сограѓани кои не се приклучени на канализационата мрежа со години плаќаат надомест за прочистување на отпадната вода, што значи им наплаќате услуга која не ја извршувате.А сега кога тие сакаат да се приклучат на канализационата мрежа повторно им барате да платат износ од над 10 000 денари по приклучок.Не ли ви е срам за тоа што го правите?, - праша Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ.
Таа нагласи дека како одминува кампањата претседателот на СДСМ ја убедувал јавноста дека не се залага за уставни промени, федерализација и промена на името, туку сега, според неа, ја лажат јавноста дека ќе ги враќале парите на граѓаните собрани од ДДВ, ќе обезбеделе 13 плaта и ќе течело мед и млеко во државата. Затоа ги повика граѓаните поради ваквото мајтапење со општината и државата, на 11 декември граѓаните да ги поразат и да ги избришат од политичката сцена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk