Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ГРОМ бара изградба на спомен обележје во Куманово, во чест на 8-те полицајци, кои минатата година на 9-мај загинаа во конфликтот во Диво насеље.
„Ова спомен обележје ќе ја симболизира желбата на сите нас за мир, слобода и соживот, на сите граѓани кои живеат во Република Македонија. Ќе придонесе да им се поклониме на 8-те херои и да искажеме сочувство и почит кон нивните семејства. Но, ова спомен обележје ќе претставува симбол на гордоста и одлучноста во битката за нашата земја и државата,- изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ.
Иницијативата за изградба на споменикот ќе биде доставена до Советот на општината Куманово, кој ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk