ГРОМ : Ќе водиме позитивна и фер кампања

24.03.2014 13:29 | KumanovoNews

Од Граѓанската опција за Македонија денеска на прес - конференција кажаа дека во кампања влегуваат подготвено и достоинствено, ќе водат фер и позитивна кампања.

ГРОМ : Ќе водиме позитивна и фер кампања

Нема да бидеме дел од препукувањата и аферите меѓу опозицијата и власта, ниту пак ќе ги употребиме истите алатки против едните или другите. Наша цел ќе биде промоција на Зоран Поповски, човек кој произлегува од граѓаните со неговата скромност и непосредност, како кандидат за претседател на коалицијата ГРОМ за претстојните избори. Коалицијата ГРОМ ги повикува и другите политички партии од власта и опозицијата, од левицата и десницата од било која националност да се водат од демократските принципи во текот на кампањата за избор на шеф на државата - изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.

ГРОМ отвори штабови во населбите Карпош, Јане Сандански, Гоце Делчев и во центарот на градот.


Партијата кампањата ја почнува со голем митинг вечерва во 19 часот во Лептокарија во Скопје.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk