ГРОМ:Да се поништи одлуката за давање на општински имот под хипотека

11.04.2017 07:08 | KumanovoNews

Општинската организација на ГРОМ бара од Советот на општината Куманово да ја поништи одлуката за давање под хипотека на имот на општината на ЈП „Чистота и зеленило“, бидејќи смета дека претпријатието не е способно да го отплаќа хипотекарниот долг и за кратко време ќе го изгуби имотот на граѓаните.

ГРОМ:Да се поништи одлуката за давање на општински имот под хипотека

„Ние од ГРОМ не веруваме дека тоа ќе функционира знаејќи дека овие луѓе со години наназад не ги плаќале своите обврски кон УЈП, а сега треба да се надеваме дека ќе исплаќаат 2 милиони денари месечно. Тоа значи дека само за неколку месеци ќе се активира дадената хипотека и Општина Куманово може да ја изгуби сопственоста на овие два објекта. Затоа предлагам председателот на Советот во најкус можен рок да го свика Советот, да ја поништи оваа одлука и да донесе нова одлука со која како хипотека за неплатениот долг на ЈП „Чистота и зеленило“ мнозинството од Советот ќе го заложат својот имот, - изјави Зоран Петрушевски, член на ГРОМ на прес-конференција.

Тој смета дека само со таква одлука советници од СДСМ и нивните коалициони партнери ќе ги убедат граѓаните дека „Чистота и зеленило“ ќе го исплаќа долгот кон УЈП со предвидената динамика.

 Пред една недела советниците од мнозинството во Советот на општината Куманово изгласаа одлука да се даде под хипотека комерцијалниот дел од затворениот базен и салата за парастоси на Градските гробишта, за да се одблокира сметката на ЈП „Чистота и зеленило“, поради заостанат долг кон УЈП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk