ГРОМ ги дефинира партиските органи

29.11.2013 13:28 | KumanovoNews

Дваесетина дена по основачкото собрание ГРОМ Куманово ја конституира структирата на партијата на локално ниво.

ГРОМ ги дефинира партиските органи

 За потпретседател е избран Драган Чоробенски, а за секретар Никола Стојковски. За членовите на управниот одбор велат дека се искусни, вредни луѓе, од различни професии, од различни националности и месни заедници. Од ГРОМ се пофалија дека досега имаат потполнето 900 пристапници.

Ни пристапуваат поединци незадоволни од другите партии кои ја препознаваат различноста на ГРОМ во начинот на нејзиното делување. Но уште повеќе пристапуваат поединци кои никогаш не биле членови на партии. Тоа се луѓе на кои им е доста да бидат безгласни набљудувачи на црно - белата слика на политичката сцена. Конечно и тие имаат каде да го кажат својот збор, тој збор ќе биде слушнат. Куманово отсекогаш било познато по храби луѓе кои не се плашат да го кажат своето мислење. “Храбро“ е мотото на ГРОМ - вели Лидија Јовчевска Ивановска, претседател на ГРОМ Куманово.

Таа додава дека ГРОМ ужива добар рејтинг на централно ниво, а не заостанува и општинската организација во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk