Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ГРОМ денеска на прес-конференција ги повикаа граѓаните во предизборниот период и за време на изборите да покажат висока политичка свест и култура.
Тие сметаат дека како резултат на политичките превирања, манипулации и игри најголема штета трпат државните институции.
„Сметаме дека овие избори се нашата последна шанса и како народ и како нација да застанеме на патот на рушењето на нашите институции, а тоа значи државата. За тоа како да се однесува кон институциите пример сме ние од општинската организација на ГРОМ Куманово. Сведоци сме дека ја критикуваме нашата општина т.е. луѓето кои ја водат, за недомаќинско однесување и јавно кажуваме дека сме не задоволни, но во ниту еден момент не ги навредуваме, омаловажуваме и не го оспоруваме нивниот легитимитет“, - изјави Зоран Петрушевски, член на ГРОМ .
Од ГРОМ информираа дека го формирале оптинскиот изборен штаб, кој ќе работи на спроведување на изборите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk