Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ГРОМ сметаат дека на последните парламентарни избори, во недела, победи Македонија и нејзините граѓани, кои покажаа дека сме современа, цивилизирана, демократска и европска земја.
„Стравот кој го почувствувавме овие денови за нашата држава само покажува колку си ја сакаме Македонија и колку сме потребни едни на други. Од утре мораме да се здружиме, да се обединиме и да продолжиме понатаму. Грешките кои до сега се направени можеа скапо да не чинат и не смеат да се повторат. Оние кои грешеа ќе се тргнат од политичката сцена, а ние ќе им ги опростиме грешките. ГРОМ смета дека имаме сила, имаме институции, имаме луѓе да обезбедиме подобро утре за нашиот народ и нашата држава, - рече Петрушевски на прес-конференција.
Петрушевски се заблагодари на членовите и симпатизери на ГРОМ за огромниот придонес за победата на изборите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk