Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ГРОМ Куманово, “Планот за живот” на СДСМ го нарекоа парче хартија на кое се напишани празни, нереални ветувања за тоа каков живот би живееле граѓаните, кога коалицијата предводена од СДСМ би дошла на власт во Република Македонија.
„СДСМ е веќе на власт во Куманово, а она што кумановци го слушаат, гледаат и доживуваат е тотално спротивно од она што е запишано во вашиот план. Нереално, а уште повеќе лицемерно е да велите дека:“Институциите ќе работат во служба на граѓаните и дека притоа нема да има отпуштања во администрацијaта, бидејќи секој човек е важен”. Зарем мислите дека кумановци заборавија на вашиот реваншизам кон членовите на ГРОМ со отпуштање од работните места во јавни претпријатија, кои се во ваша надлежност и со неколку смени на пониски работни позиции во истите? И само затоа што се членови на ГРОМ. Дали вака ќе работат институциите во Македонија кога вие би дошле на власт? Дали вака секој човек е важен за вас? Или пак ќе биде “се ќе смениме, од портир до министер”?„, - праша Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ на прес-конференција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk