Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ГРОМ денеска се заблагодарија на гласачите кои го поддржаа нивниот претседателски кандидат Зоран Поповски, кој во Куманово доби 1863 гласа.
Тие се надеваат дека на вонредните парламентарни избори ќе имаат подобри резултати бидејќи носител на листа е Виктор Цветковски, а меѓу кандидатите за пратеници има повеќе кумановци.
Нашите тврдења дека ГРОМ ќе внесе свежина во црно - белата политичка сцена беа верификувани со гласот на над 30.000 храбри луѓе од цела Македонија. Овој факт ни дава за право храбро да продолжиме со кампањата за парламентарните избори. Бројките, анализите и поддршката од граѓаните на Република Македонија ни покажуваат дека реални се шансите да очекуваме да добиеме пратеници од изборните единици еден, два, три и четири, па дури и изборна единица пет. Во однос на нашата изборна единица број 2 и за град Куманово реалните прогнози се уште поголеми - вели Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.
Тие велат дека нудат професионални кадри кои немаат црна дамка во кариерата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk