Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Граѓанската опција за Македонија ветуваат намалување на казните за прекршоци и спречување на корупција.
Тие тврдат дека нивната програма се состои од реални и остварливи проекти кои ќе придонесат за поквалитетен живот на сите граѓани.
- Ја нудиме на граѓаните нашата програма во која се планираат буџетски средства за корисни нешта, за инфраструктура, конкурентни мерки во земјоделието, суштински реформи во сите институции, поддршка пред се на домашните мали и средни претпријатија, реални и оддржливи мерки за загрозените социјални категории, но и за брзи промени за подобар квалитет на живот за сите. Активно ќе се залагаме за спречување на корупцијата, со отстранување на административните процедури кои создаваат услови за корупција. Промена на казнената политика за прекршоците со намалување на казните - вели Виктор Цветковски, носител на листа.
Тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во регионот, Европа и глобално, да отворат нови работни места и да реализираат нови вработувања.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk