Гром запали 1200 бали слама во Младо Нагоричане

21.09.2015 08:30 | KumanovoNews

Пожар предизвикан од гром вчера изгоре 1200 бали слама, сено и друга сточна храна во селото Младо Нагоричане.

Гром запали 1200 бали слама во Младо Нагоричане

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала од 16.40 часот, па се до 21.30 часот, со едно возило и 4 пожарникари, а во локализирање на пожарот им помогнале и 2 пожарникари од ТППЕ Куманово. Пожарот избил во дворот од семејна куќа во селото.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk