Груевски ќе ја одлежи казната во затворот К`шање?

22.10.2018 21:38 | KumanovoNews

Поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември, дознава ТВ21 од неофицијални извори.

Груевски ќе ја одлежи казната во затворот К`шање?

Груевски беше прогласен за виновен во случајот „Тенк“ за незаконско влијание и злоупотреба на фондови од јавниот буџет. Груевски е обвинет за вршење притисок врз службениците на Министерството за внатрешни работи на Македонија, за набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра.

Затворот во село  К`шање  беше изграден во мандат  на Груевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk