Груевски го обвини Дамјановски дека ги кочи проектите за Пчиња и Романовце

25.09.2016 10:55 | KumanovoNews

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го обвини градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски дека не сака да ги реализира проектите за изградба на канализација во Романовце и водовод во Пчиња.

Груевски го обвини Дамјановски дека ги кочи проектите за Пчиња и Романовце

И за двата случаја се обезбедија средства од Министерството за транспорт и врски, и за градба и за се друго што е поврзано со градбата на водоводот и канализацијата. За жал, градоначалникот на Куманово не ги оствари ветувањата што ги имаше кон нас. На последниот состанок е направен записник со кој градоначалникот на Куманово се обврза овој јануари да ги предаде проектите и барање до Министерството за транспорт и врски. Тоа е предуслов за да може Министерството да ги инвестира парите и да ги даде за изградба на водоводот и канализацијата,- рече Груевски.

Министерот за транспотр и врски Владо Мисајловски најави дека постои опасност донаторот да ги повлече парите доколку не се искористат до локалните избори.

Парите во висина од 3,5 милиони евра Куманово ги доби од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски, за проект за изградба на водоводна и канализациона мрежа во неколку селски населби. Поради недоразбирања на релација локална централна власт околу проектите за Романовце и Пчиња, заглавени се изградбите на водовод и канализација во селата Речица и Тромеѓа и проектот замена на старите водомери во ЈП „Водовод“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk