Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Понашениот премиер, Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти. Ова го соопшти на својот Фејсбук профил.
„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на Фејсбук страна на Груевски.
Полицијата од синоќа не може да го лоцира Груевски да го спроведе во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk