Група планинари ќе се искачуваат на Рила

01.08.2013 07:44 | KumanovoNews

 Група кумановски планинари утре ќе се искачуваат на врвот Мусала на планината Рила во Бугарија.

Група планинари ќе се искачуваат на Рила

Мене ова ми е трето искачување. Лани бев некаде во истиот период. Рила е преубава и затоа и се навраќаме. И релативно е блиску, има 190 км до таму - вели Виктор Венцовски, планинар.

Врвот Мусала е со надморска височина од 2925 метри и е највисок на Балканот. Високите врвови на планината Рила имаат алпски изглед.

Во недела кумановските планинари ќе го посетат и Рилскиот манастир.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk