Групна венчавка во црквата во Бедиње

22.05.2015 17:37 | KumanovoNews

Групна венчавка во црквата Света Петка во населбата Бедиње ќе се одржи во недела со почеток во 10.30 часот, откако пред две недели беше одложена од безбедносни причини.

Групна венчавка во црквата во Бедиње

Досега се пријавиле пет брачни двојки за венчавање, а сите заинтересирани имаат рок уште два дена да се одлучат за бесплатната групна венчавка.

На 6 јуни во црквата Свети Никола ќе се одржи групна крштевка, за која можат да се пријават некрстени луѓе кои имаат над 18 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk