Гужва на Табановце

23.07.2014 13:03 | KumanovoNews

Зголемена фреквенција на возила и патници денеска напладне имаше на граничен премин Табановце за влез и излез од земјата.

Гужва на Табановце

За обавување на редовните процедури се чекаше по половина час, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

  - Се задржуваат од 30 до 40 минути на граница и не се работи за некој поголем застој, туку во бранови има наплив на патници заради летната туристичка сезона. Вчера немаше метеж, а денеска има поголема гужва. Состојбата се менува од ден на ден и од час во час - рекоа од АМСМ.

Најфреквентни деновиве се граничните премини Табановце и Богородица затоа што преку Македонија српски туристи се упатуваат кон Грција.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk