Гужви на патарината Романовце

21.06.2014 07:54 | KumanovoNews

Километарски колони автомобили над еден час чекаат да ја поминат патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје.

Гужви на патарината Романовце

Гужвите настанале утринава, поради зголемен број на странски и српски туристи кои транзитираат низ Македонија за одмор во Грција. Тие патарината не можат да ја платат со метални евра поради што задржувањето е подолго и се создава мешаница на наплатната рампа.

Истиот проблем го имаше и минатата година. Тогаш надлежните ветуваа дека ќе ја прошират наплатната рампа со уште неколку ленти и дека ќе ја сменат политиката за примање на метални евра, но ништо не направија. Уште на првиот бран паднавме на организираноста и прифаќањето на туристите во државата.  Покрај туристите заглавивме и ние кои одиме на работа во Скопје. Јас чекав околу 50 минути да поминам- вели еден наш читател, кој се јави во редакцијата на Kumanovonews.

Колоната автомобили веќе достигна до пумпата на Лукоил и постојано се зголемува. Затоа кумановци кои одат во таа насока  најдобро да ги користат алтернативните патишата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk