Гужви на патарината Романовце

12.07.2014 09:29 | KumanovoNews

Повеќе од половина час чекаат граѓаните за да платат патарина на наплатната рампа Романовце.

Гужви на патарината Романовце

Редицата автомобили е главно од странските туристи кои транзитираат низ Македонија за Грција.  Според информации од теренот колоната кон Скопје е долга околу 500 метри, а од Скопје кон Куманово повеќе од еден километар.

И оваа година проблем за туристите е малиот број на коловозни ленти на наплатната рампа. Од вчера Владата воведе можност странците да плаќаат патарина со метални евра и таа чини 1,5 евро.  


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk