Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните денеска го искористија последниот ден за да поднесат барање за легализација на дивоградбите.
Пред архивата на општината Куманово, денеска можеше да се забалежи поголем број на граѓани од вообичаеното. И министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, ги повика граѓаните да го запазат рокот.
Денеска завршува рокот за легализација. Имам информација дека сите општини ќе работат со подолго работно време за секој граѓанин си достави барање за легализација на својот објект. Освен објекти тука може и водоводни линии и линиска инфраструктуира. Веќе имаме 50.000 нови доставени барања, јас очекувам дека таа бројка денеска ќе биде зголемена, со тоа што утре ќе ја имаме конкретаната бројка колку нови предмети ќе имаме за работење во наредниот период. Повторно апел до сите граѓани, не чини ништо само можете да дојдете и оставите едно барање да си го фатите редот, - рече министерот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk