„Хај Фај“ премиерно изведена во Кумановскиот театар

10.04.2017 09:18 | KumanovoNews

Во Кумановскиот театар синоќа премиерно беше изведена претставата „Хај Фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи.

„Хај Фај“ премиерно изведена во Кумановскиот театар

Во драмата дедото Борис после 5 години одлежани во затвор, заради случајно убиство на млад човек, се враќа дома и го затекнува растурено своето семејство и куќата. Се обидува тоа што го пропуштил со неговата ќерка Соња, да ги пренесе традиционалните вредности на неговиот внук Матеј,  кој решил да живее живот на конфорнист. и како млад човек не се интересира за ништо.

Целата приказна е зачинета со присуството на еден Американец, Рус и Арап...

Во претставата играат Горан Илиќ како култниот лик на Борис и Здравко Стојмиров во улогата на Матеј, како и актерите од кумановскиот театар Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски и Љупчо Хаџи – Стојанов.

Преставата  се играше на малата сцена.

  Според режисерот Бојаџи, станува збор за драмски текст кој е напишан пред 40 години, но го одбележува и ова време заради темата, бидејќи во Македонија историјата се повторува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk