Хепенинг на Градскиот плоштад

06.05.2010 14:56 | KumanovoNews

 Утре со пиочеток во 11 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи голем Хепенинг  по повод „ Денот на Европа - 9 Мај„ и Денот на победа над фашизмот. 

Хепенинг на Градскиот плоштад

 На дружењето се предвидени интерактивни работилници на ученици од основните и средни училишта и локални невладини организации на кои ќе се овозможи имплементација на креативни идеи. Посетителите ќе имаат  можност да добијат и корисни информации за одредени проекти во интерес на младите за програми на заедниците, како и други програми на Европската Унија-вели координаторката Елизабета Цветковска.

Паралелно ќе се одвива и културна, забавна и уметничка програма,на која одреден број на ученици ќе цртаат и сликаат, а други ќе изведуваат музички точки,ќе учествуваат оркестари и бендови, кои ќе допринесат за пријатна и забавна атмосфера.

Хепенингот се одржува по втор пат и со тоа продолжува традицијата на Куманово да биде дел од големото Европско семејство.

Хепенингот го организира локалната самоуправа и делегација  од Европската унија во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk