Хепенинг на младите по повод Денот на Европа

07.05.2010 13:30 | KumanovoNews

 Ученици од основните и средните училишта и младинските невладини организации денеска учествуваа на голем хепенинг на Градскиот плоштад по повод Денот на Европа. Хепенингот се реализираше во два дела: официјален со богата музичка програма и неформален со интерактивни работилници.

Хепенинг на младите по повод Денот на Европа

 Задоволни сме од одзивот на учениците и младите. Атмосферата е прекрасна, младите навистина ја покажаа својата креативност и оригиналност. Се радувам што на плоштадот дојодоа и граѓаните и навистина имаме една убава празнична слика- рече Елизабета Цветковска координатор на Инфо -точката од Куманово.

Посетителите покажаа особен интерс за штандовите на младинските организации каде преку флаери и брошури беа претставени нивните активности.

На нашиот штанд имаше огромен број на посетители. Се гледа дека  младите од Куманово се чуствуваат како дел од Европа и активно ги следат програмите што ги финасира Европската Унија. Целта е што повеќе млади од Балканот, односно Македонија да се вклучат во програмата Младите во Акција, како и во образовните прграми што се реализираат преку Националната Агенција за мобилност на студнети,- изјави Стефан Маенвски од Центарот за меѓукултурен дијалог.

Младите учесници, сликаа на теми поврзани со Европската унија, а настапија и младински локални бенодови од училиштата во градот.

 Дружењето на младите од 11 до 14 часот го организираше Локалната самоуправа и  Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk