Хепенинг по повод Недела против расизам

28.10.2015 17:01 | KumanovoNews

Ромскиот младински центар денеска организираше хепенинг на Градскиот плоштад  под мотото „Не за дискриминација“, по повод Неделата против расизам.

Хепенинг по повод Недела против расизам

На хепенингот учествуваа корисниците на Дневниот центар „Порака наша“ и оркестарот при основното училиште „11 Октомври“.

Ромски младински центар е дел од сите организации низ светот, вклучени во Фаре мрежата која ги обединува сите организации низ светот со една единствена цел, “не“ за дискриминацијата, “да“ за еднаквоста. Главна карактеристика на оваа мрежа е диверзитетот. Целта е да е да се подигне свеста, дискриминацијата да стане минато, а спортот е алатка против дискриминацијата - вели Анифе Сабединовска од Ромски младински центар.

Од „Порака наша“ испратија порака за потолерантно општество без дискриминација. Целта е да нема родова, етничка, полова и други видови дискриминација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk