Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градскиот плоштад, денеска се оддржа хепенинг за безбедно лето, кој го организираше отсекот за превенција при СВР Куманово.
На настанот се приклучија повеќе невладини организации и угостители, со целта е да им се укаже на младите дека летото треба да го поминат исполнето со креативни активности, спорт и без пороци.
- Наместо да седат на напуштени места каде ги демне опасност, пораката е да се приклучат на културно - уметничко друштво, на спортски клуб, клуб за модерни танци и Црвен Крст. Според статистички податоци од година во година кривичните дела сторени од малолетници се во пораст, меѓутоа не се зголемува бројот на малолетници сторители на кривични дела. Целта е тие да се ресоцијализираат, да се оддалечат од пороците, дрога, алкохол и да се потенцира улогата на семејството во воспитувањето на децата - рече Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Активноста “Сите заедно за безбедно лето“ е дел од проектот “Малолетничко престапништво со елементи на насилство“.
- Во овој проект сме вклучени со делење на флаери за различни видови дроги и заштита од топлотен бран. Сакаме да ги презентираме вредностите на мирно детство и мирно лето. Ќе ги информираме децата што не е добро и што не треба да прават во текот на летниот период - вели Раде Ристиќ од Црвен Крст.
На плоштадот имаше богата културнао-уметничка програма од играорната група „Срма„ и балетско студио „Ултра„. Проектот се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk