Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 9 Мај - Денот на победата на фашизмот и Денот на Европа, утре локалната самоуправа ќе организира пригодна програма.
На Спомен костурница во 11 часот делегации ќе положат свежо цвеќе, ќе настапи Градска музика и ќе се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.
На Градскиот плоштад во 12 часот ќе има хепенинг на кој ќе бидат презентирани активностите на граѓанскиот сектор, ќе има ликовна колонија, ќе бидат претставени повеќе држави и со неколку точки ќе настапат основци и средношколци.
За првпат на овој празник Инфо Точката на Општина Куманово ќе организира музички хепенинг „ Европска ноќ “ кој ќе се одржи во 21 часот во „ Касапски Круг “ и на кој настапат: Мартинијан Кириловски, Марија Петрушевска, Миа Мицевска, Сандра Ивановска, Мартина Денковска и бендовите „ Но нејм, нон сенсе “ и „Анплаџет машинс “.
Оваа година 9 Мај се одбележува во знакот на 10 годишнината од најголемото проширување на Европската Унија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk