Хепенинг за Денот на Европа на Градскиот плоштад

09.05.2017 20:23 | KumanovoNews

Хепенинг по повод Денот на Европа денеска се одржа на Градскиот плоштад во Куманово.

Хепенинг за Денот на Европа на Градскиот плоштад

 Општината Куманово во соработка со Европската делегација во Република Македонија, неколку младински невладини организации и учениците од основните училишта ја промовираа културата на европските земји. Граѓаните имаа можност да посетат штандови на Шпанија, Германија, Шпанија, Италија, Австрија и Кипар.

„Секоја година се практикува неколку членки на ЕУ да извршат презентација пред граѓаните на Куманово. На штандовите можат да се добијат информации и промотивни материјали кои ќе им послужат на граѓаните за запознавање на европските земји, - изјави Горан Митевски, раководител во Секторот за евроинтергации во општина Куманово.

На хепенингот присуствуваше и се обрати заменик амбасадорот на Кралство Шпанија, Фернандо Лопез де Каридо и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Учениците од основните училишта и танцови групи, со  песна и игра го прославија роденденот на Европската унија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk